Зошто телефонот треба да се чисти секој ден?

cistenje-telefon-650x396

Луѓето во просек го допираат телефонот околу 150 пати дневно, а една американска студија покажа дека на него просек има околу 7.000 видови бактерии.

Иако поголемиот дел од нив се безопасни, некои сепак не се, а загревањето на телефонот создава идеални услови на влажност и топлина што овозможуваат бактериите да се размножуваат. Тие се пренесуваат на рацете и на лицето, а потоа ги внесуваме во устата.

На телефонот често се наоѓа и бактеријата enterococcus која што вообичаено ја има во фекалиите. Таа може да предизвика голем број инфекции.

Затоа телефонот треба да се чисти со антибактериските шамичиња секој ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.