“Зоран Заев Премиер на Црна Гора?” (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев денеска со лидерите на Западен Балкан е на заеднички ручек со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

На Инстаграм профилот “eudiplomacy”, Заев на заедничката фотографија со Могерини е напишан како премиер на Црна Гора.

Тоа на својот Твитер профил го објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој притоа напиша:

“Oткако ти Зоран Заев започна со промена на твоето национално име, тие Европската Комисија, ќе продолжат исто така”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.