Зоран Заев би можел да заврши во затвор, смета претседателот Ѓорѓе Иванов во своето последно интервју за австриски „Винер Цајтунг“, објаснувајќи дека Македонските институции ќе мораат кога тогаш да ги отворат постапките против него и без одложување да ги процесуираат.
– Но, тој ги изгуби изборите во декември. Јас сметам дека тој не знае во каква игра се вмешал. Тој беше заслепен од желбата да дојде на власт. Сега се наоѓа во деликатна ситуација. Доколку не успее да дојде на власт, би можел да заврши в затвор, вели Иванов.
– Јас не се заканувам. Македонските институции во даден момент ќе постапат против него, ќе ги истражуваат сите околности. На пример, интересно ќе биде прашањето кој му ги доставил прислушуваните разговори, додава Иванов.
Според Иванов, нови парламентарни избори се една од опциите за излез од кризата.
– На крајот ќе има избори, кога тогаш. Тоа секогаш е така во демократијата. Кога има блокада, секогаш се завршува со избори. Но, сега, на тие што го создадоа Заев, не им одговараат избори, бидејќи вложија многу пари, многу авторитет во него, и треба да го сочуваат образот. Тие се свесни дека ова е промашена инвестиција. Бидејќи со платформата што ја прифати Заев секој ден довербата му опаѓа, вели Иванов во интервјуто за „Винер Цајтунг“.
Извор: Инфомакс