Секој има потенцијал да биде што сака и да влијае на светот и окружувањето на било кој начин. Нема сомнеж дека секоја личност има одредени атрибути што ќе ги негува повеќе од другите.
Важно е да ги дијагностицираме нашите сили и слабости.
Исцелителите се присутни во секое друштво. Еве една листа на карактеристики што се заеднички за сите исцелители. Испитајте го својот карактер и видете дали овој архетип ви одговара.
Често ви говорат дека вашето присуство смирува;
Вие и луѓето со кои што сте блиски ретко се разболуваат;
Постојано размислувате за тоа како да го подобрите животот на луѓето;
Веројатно ја чувствувате паниката или промените во расположението;
Премногу сте емпатични, до таа мерка што тоа го ремети вашиот социјален живот;
Имате семејна историја на исцелители. Можеби во семејството сте имале лекари, терапевти, здравствени работници, ветеринари…
Чувствувате дека сетилата ви работат засилено кога сте на јавни места;
Имате добра комуникација со животните. Кон вас реагираат мирно или се среќни што ве гледаат;
Странците што влегуваат во вашиот живот мошне лесно ви се доверуваат;
Од рака ви одат техниките на масажа, иако никогаш не сте се образувале за тоа;
Често ве болат вратот и рамињата, затоа што таму го акумулирате стресот;
Уживате да престојувате надвор;
Ве привлекуваат кристалите и заинтересирани сте за нивните метафизички особини;
Заинтересирани сте за духовни науки;
Вашето високо ниво на свесност значи дека сте чувствителни на одреден вид храна и пијалаци. Можеби често имате главоболки или дигестивни проблеми;
Понекогаш чувствувате бранови на морничавост, топлота или пецкање на дланките и пулсирање;
Главните елементи на исцелителството се сведуваат на голема чувствителност на брановата должна, способност да се манифестира енергијата, мошне нагласено чувство и желба да се помогне на оние околу нас.
Не постои утврден пат кој ги развива овие чувства. Се во универзумот е подредено за да бидеме здрави и среќни, ваше е само да препознаете дали сте еден од нив.