ЗНАМ на средби со жители од центарот на Прилеп – Заедничко изнаоѓање на практични и одржливи решенија е клучот за подобра општина (ФОТО)

Движењето “ЗНАМ за наша Македонија” на престојните локални избори ќе настапи со свои листи на кандидати за советници, а кандидатска листа партијата има и во Прилеп, каде очекуваат голема поддршка.

Синоќа кандидатите за советници, предводени од носителката на советничката листа Мирјана Стеваноска, за актуелните проблеми и предлози за подобрување на условите во Прилеп разговараа со жители од Месната заедница “ЦЕНТАР”.

Oд ЗНАМ Прилеп велат ваквите средби се значаен чекор кон заедничко изнаоѓање на практични и одржливи решенија и се заблагодарија на присутните, кои се вклучија со свои идеи и предлози.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.