Продолжува предизборната кампања за локалните избори во Прилеп. Кандидатите за советници од Движењето ЗНАМ за наша Македонија, денеска ја претставија својата визија за чесно, отчетно и транспарентно управување со јавните средства.
Од ЗНАМ Прилеп во својата изборна програма ветуваат:
-Ефикасно трошење на јавните пари – секој денар под контрола и во служба на граѓаните.
-Редовни извештаи за реализација на буџетот – отвореност и транспарентност во секој чекор, со јасен увид во тоа каде и како се трошат средствата.
-Ревизија на сите јавни расходи – за да се обезбеди одговорно управување и целосна отчетност пред јавноста.
„Буџетот е на граѓаните – и граѓаните мора да знаат каде оди секој денар. Нашата цел е Прилеп со јасни сметки и чиста совест,“ порачуваат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Прилеп.