Според Законот за јавни претпријатија органи на јавното претпријатие се: управниот одбор, надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење и директорот.
Покрај директорот и општината која е основач на јавните претпријатија, за одредени прашања, проблеми и намена на средства за реализација на некој проект, граѓаните можат да побараат помош и од управниот одбор на претпријатието.
Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со законот.
Согласно Законот за јавни претпријатија ова се надлежностите на управниот одбор:
За граѓаните да бидат информирани, а со тоа и полесно да можат да ги решат своите проблеми, но и да понудат целисходни решенија за намена на средсва, ќе ги претставиме членовите на управните одбори во јавните претпријатија во Прилеп.
Во службениот гласник број 15 на Општина Прилеп кој е објавен на 14.12.2017 година, за членови на управниот одбор во ЈКП Водовод и канализација Прилеп иманувани беа следниве лица: