Знаете ли дека со помош на еден компир можете да осветлувате соба месец дена – ВИДЕО

Krompir-baterija-e1440275682493-600x364

Истражувачите откриле дека од компир кој се варел 8 минути, може да направи батерија која произведува 10 пати повеќе енергија од сиров компир.

Хаим Рабиновиц, професор по наука и агрокултура, и неговиот тим откриле дека со користење на единица направена од четврт кришка компир која би се поставила помеѓу бакарни катоди и цинкови аноди, споени со жица, може да се осветлува соба со LED светлина, дури до 40 дена.

 

Замислете ги само сите можности кои би ги имале луѓето со ова откритие во неразвиените и зафрлени делови на светот.

Иако самиот компир не е извор на енергија, тој помага да се спроведе електрицитет, делувајќи како мост помеѓу металот и овозможувајќи им на електроните да се движат слободно низ жиците и на тој начин да се создаде електрицитет.

Освен што расте во големи количини, комирот е одбран поради цврстото скробно ткиво, кое му овозможува да биде складиран со месеци, без да се расипе или да привлече инсекти.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.