Битола викендов подготвена го пречека 30-то поединечно Државно првенство во бокс, при што домашната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ и македонската јавност имаше можност да ги види најдобрите боксери од цела Македонија во сите возрасни и тежински категории.
Државното првенство во бокс е во организација на националната боксерска федерација, на чело со претседателот Кристијан Андреевски, а во партнерство со нашиот БК Пелистерски јунак и со поддршка на Општина Битола.
Свое учество на првенството имаше и прилепскиот боксерски клуб АС, од каде свој настап имаа тројца боксери. Прилепските боксери ги постигнаа следните резултати:
-Стефан Пупалески до 80кг. го освои златниот медал во сениорска конкуренција
-Мартин Трајкоски до 52 кг.го освои сребрениот медал во кадетска конкуренција.
-Влатко Димоски до 66 кг. го освои брозениот медал во јуниорска конкуренција.
-Сите наши боксери покажаа добри борби со прикажана одлична техника. Со овој голем резултат ја завршивме сезоната со натпревари. Од наредна година почнуваме со боксерската лига на Македонија во која планираме да се пласираме во првите позиции и да направиме нови шампиони. Честитки за нашите боксери – порачаа од прилепскиот боксерски клуб AС.