Злато за Лука и бронза за Дино Најдоски – Браќата од Прилеп со одличен успех на “Ханука Купот” во Израел

Најубавиот новогодишен подарок за македонските воздухопловни спортови пристигна од Израел. На Светскиот ФАИ куп „Ханука Куп“, кој се одржа викендов, прилепските претставници остварија исклучителен успех во дисциплината воздухопловно спортско моделарство, уште еднаш докажувајќи го својот квалитет на светската сцена.

Лука Најдоски го освои првото место во јуниорска конкуренција и се пласираше на одличното четврто место во генералниот пласман, додека Дино Најдоски го освои третото место меѓу јуниорите, потврдувајќи го континуираниот напредок и сериозниот потенцијал на македонското спортско моделарство.

Со освоените бодови од овој престижен натпревар, се отвора реална можност Македонија да добие светски првак во генералниот пласман во рамки на ФАИ Светскиот куп. Дали бодовите ќе бидат доволни за ова значајно признание ќе биде познато наскоро, по официјалната потврда од канцеларијата на Меѓународната воздухопловна спортска федерација (ФАИ).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.