Златната петорка од Прилеп која од вашите веселби создава вечни спомени! “ОК БЕНД” – состав кој прераснува во музички бренд (ВИДЕО)

Прилеп е град кој отсекогаш важел за расадник на талентирани и добро потковани музичари. Музиката тука има долга традиција, па токму затоа и музичкиот слух на прилепчани се истанчил до совршенство и добро знаат да препознаат што е добро, а што не, и секако да уживаат во добро друштво.

Музиката е препознатлив белег на секоја свеченост, на секоја прослава… и е главен елемент во мозаикот кој создава спомени што вечно се паметат. Главното прашање кога двајца млади ќе решат да ја крунисаат љубовта со брак во Прилеп е: “Ајде со среќа, а кој ќе ви свири?”.

Ближните и гостите знаат дека само со добра музика, со одлично вклопен бенд и добар репертоар, ќе можат да уживаат во среќниот момент. А колку е тешко да се направи вистинскиот избор за тие среќни моменти….па никогаш не било потешко. Бендови никнуваат секојдневно, а ретко кој е во можност да излезе во пресрет и да ги исполни вашите желби и потреби. Секоја чест за оние од еснафот, на кои музиката не им е само начин на заработка, туку е и дел од нивниот живот, но оние кои мислат дека за музичар е потребно само добро одело и вратоврска… е од нив бегајте како ѓавол од темјан.

Во едно такво шаренило на понуда, чест и задоволство ни е што ги познаваме и можеме да ви ги претставиме членовите на “ОК БЕНД” од Прилеп, или златната петорка, како што ја нарекуваат сите оние кои во нивните најсреќни моменти во животот ги избрале токму нив.

Бендот го сочинуваат:

Билјана Петров – вокал,
Рубин Котески – клавијатури и вокал,
Панче Стеваноски – кларинет и саксофон,
Валентин Кочоски – тапани и
Игор Богески – клавијатури

Тука се за сите свадбени свечности, веридби, крштевки, но и за разни други другарски, новогодишни и празнични средби. Музиката им е во вените, синхронизирани како едно и доволен им е само поглед за да се разберат. Барани се низ цела Македонија, а за веселбата која ја приредуваат потоа уште долго се зборува. Затоа полека, но сигурно прераснуваат во музички бренд на Прилеп – состав кој постојано изненадува со нови проекти и постојано вложува во свое усовршување.

Забавно, народно, чочек… нема што не можат и нема што не знаат, а кулминацијата на секоја прослава настанува кога ќе грмне тапанот и ќе засвири гајдата… е тогаш нема Македонец што ќе остане рамнодушен и нема да им рече “Алал вера!”.

За подобро да ги запознаете ви препорачуваме да ги слушнете нивните изведби во продолжение, а потоа ве уверуваме дека нема да има седенка и дружба без барем да ги преслушате неколку пати.

Побарајте ги на телефонскиот број: 076 691 142 Поддржувајте македонска музика, поддржувајте локални бендови, поддржувајте музичари кои создаваат вечни спомени!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.