“Златна рипка” му донесе милион на прилепчанец

Шестата серија на инстант лозот Златна Рипка донесе уште еден добитник на 1 000 000 денари чија среќна приказна ја слушнавме денес.

Благоја Велкоски од Прилеп не посети во просториите на Државна лотарија каде што му ја потврдивме и исплативме добивката.

Имено, Златната рипка е омилениот лоз на Благоја и го купува постојано, а добитниот лоз е купен од среќното продажно место во Прилеп – „Тобако Плус“.

За потсетување, шестата серија на Златна рипка е во тек, а ние сме во исчекување да ги запознаеме новите добитници кои ќе се приклучат на големото семејство на добитници на Златна рипка.

Златната рипка нуди 3 шанси за добивка на еден лоз.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.