Откако новинарот Дарко Штаргоски ја пренесе тажната приказна за прилепчанецот Борис Мирчески, кој два и пол месеци живее со отворена рана на ногата, во крајно нехумани и нехигиенски услови, Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го посети неговиот дом и на нивна иницијатива Мирчески со возило на брзата помош беше пренесен градската болница “Борка Талески” каде сега е хоспитализиран.
“Се надеваме дека со оваа наша хумана акција ќе помогнеме за спасување на животот на нашиот сограѓанин Борис Мирчески и подобрување на неговото здравје. Го направивме тоа што секој човек треба да го направи кога негов сосед, роднина, пријател се наоѓа во крајно безизлезна ситуација и му е потребна помош. Прилеп е хуман град, прилепчани се хумани луѓе и веруваме дека после обелоденувањето на оваа сторија ќе му се помогне на семејството Мирчески”, вели Никола Златески, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
“Веруваме дека институциите соодветно ќе реагираат и ќе обезбедат соодветен третман за Борис, затоа што времето не е негов сојузник и треба итно да му се пружи правилна здравствена заштита”, додава Златески.
Инаку сторијата за Борис Мирчески беше објавена вчера во порталот “Инфокомпас”, каде во прилогот беше истакнато дека директорите на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и општата градска болница “Борка Талески” се на одмор, па поради тоа нема кој да даде согласност за хоспитализација на овој наш сограѓанин.
Целата строија проследете ја ТУКА