Златан има свој двојник Босанец кој игра кошарка за Баерн: Погледнете ја оваа неверојатна сличност (ФОТО+ВИДЕО)

Кошаркарот Нихад Џедовиќ во разговор за “Евролига”, открива дека има проблем со кој секојдневно се соочува.

Кошаркарот на Баерн во интервју за официјалниот сајт на “Евролигата” рекол дека има проблем затоа што луѓето постојано го мешаат со славниот шведски фудбалер со босанско потекло.

“Златан е од Балканот и има гени од поранешна Југославија. Луѓето гледаат нешто во мене што го виделе и во него. Откако ја пуштив госата, секој ден ме тагнуваат на Инстаграм или Твитер. Летоска бев во Париз на три дена и секоја втора личност ме застануваше за да се фотографира со мене. Неверојатно”, вели Нихад Џедовиќ.

А сличноста е навистина неверојатна…. Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.