ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ ПРИЗНА: “Жена ми ме затвора во соба” – еве зошто!

Еден ден после градското дерби помеѓу ЛА Галакси и ФК Лос Анџелес, кога со помош на ВАР технологијата го постигна 499-от погодок во кариерата, ЕСПН емитуваше големо интервју со Златан Ибрахимовиќ, во кое тој зборува за растењето во Шведска, љубовта кон видео игрите, односот со Пеп Гвардиола….

На почетокот водителот го прашал како е возможно еден толку самоуверен тип, во младоста да бил повлечен.

“Се чувствував поразлично. Прв пат отидов во центарот на градот кога имав 17 години, зедов велосипед, на малку поинаков начин, хаха. Дојдов во град, а Шведска е позната по русокосите девојки, и жена ми е русокоса. Бев срамежлив, но фудбалот го искористив за стекнување самодоверба и надвор од теренот”, објаснува Златан, а водителот го прашал колку велосипеди украл.

“Не знам точно, но многу. Ако се појави некој од сопствениците, кој е сигурен дека сум го украл баш неговиот, со задоволство ќе му купам нов. Бев луд, ми требаше адреналин, возевме брзо, најважно беше да се има кул автомобил. Првиот кој го купив беше “Meрцедес SL 55 AMG”, ми гарантираа дека никој нема таков, а само што дојдов до центарот видов ист таков. Идниот ден отидов по Ферари. Таков сум, не сакам да имам исти нешта кои ги имаат и другите”.

Патрик Виера зборуваше дека секој пат кога ќе отидел кај Златан, тој играл видео игри. А не се променил многу и денеска.

“И понатаму играм, не ФИФА, туку поразлични игри како Fornitea. Не се срамам да кажам дека сум гејмер. Кога преминав во Ајакс, се’ ми беше ново, не знаев што да правам, па купив најголем телевизор, имав кревет и конзола. Првата игра која ја купив беше PES. Потоа дојде и онлајн верзијата и започнав да играм со целиот свет, тоа ми беше интересно, и понатаму тоа го правам, иако имам 36 години. Мојата сопруга е среќна, бидејќи не мора да разговара со мене, ќе ме остави мене и синовите во собата за гејминг, ќе ја заклучи вратата, а ние не забележуваме, затоа што постојано играме и нигде не одиме”.

Ибра зборувал и за тоа зошто баш бразилскиот Роналдо го сметал за идол. Неговата игра ја имплементирал во својата, а на прашањето што би променил во кариерата, посебно во односот кон медиумите, рекол ништо, затоа што се’ се случува со причина. Ибрахимовиќ додал и дека со ниту еден тренер немал проблем, освен со Пеп Гвардиола во Барселона.

“Тешка ми беше разделбата после втората сезона во Јувентус, како и втората сезона во Барселона кога тренерот не разговараше со мене, тоа ми беше ново. Сеуште не знам што му сметаше, никогаш не ми кажа”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.