Зимски распуст и за наставниците, на работа ќе одат само служителите и другиот технички кадар?!

Министерството за образование и наука ги извести директорите на основните и средните училишта со донесената препорака да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата во периодот од 2 до 11 јануари со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.

„Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и средните училишта во Република Македонија, во согласност со надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование, да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 2.1.2019 до 11.1.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците“, се вели во препораката потпишана од министерот Арбер Адеми.

Ова препорака, како што велат од Министерството, е со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти во наведениот период, се објаснува во информацијата доставена до сите основни и средни училишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.