Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека Барселона заслужено ја освои титулата во Примера.
Неговиот клуб на крајот остана покус за еден бод зад старо-новиот шампион.
– Кралскиот клуб, постигна победи на последните 12 натпревари во првенството, но Каталонците по падот на формата во април направија серија од пет победи и ја одбранија титулата.
– Сите сме разочарани, но веќе ништо не може да се промени. Барселона заслужи да ја освои Примера, изјави Зидан под чие раководство Реал во 26 натпревари запиша 21 победа.
Барселона има шанса за уште еден трофеј оваа сезона, додека Реал има шанса да ја спаси сезоната. Каталонскиот клуб игра следната сабота во финалето на Копа дел Реј со Севиља. Реал Мадрид една недела подоцна ќе се сретне со градскиот ривал Атлетико во финалето на Лигата на шампионите во Милано.