Австрија ја чека пеколна атмосфера вечерва со вака расположени македонски навивачи
“Зига-зага, Македонија ОЛЕ-ОЛЕ”, грми среде Букурешт во пресрет на првиот дуел на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.
Македонската фаланга која денеска е многу побројна од вчера прави пеколна атмосфера, а тоа го привлекува вниманието на Романците кои постојано ги снимаат и фотографираат.
Со вака расположена македонска фаланга, нашите фудбалски херои сигурно ќе добијат ветер во грб на дуелот против Австријците.