Невремето кое вчера зафати повеќе населени места од Прилепско, зад себе остави
катастрофални последици. Огромни се штетите на земјоделските површини во
атарот на селата Мало и Големо Коњари, Кадино Село, Галичани, населбата
Варош и повеќе други населени места.
Сепак, најголеми се штетите во Мало и Големо Коњари, каде штетите кои ги предизвика поројниот град со големина на орев се 100%.
Општинските власти и Министерството за земјоделство се на потег! Егзистенцијата на овие семејства зависи од нив!