Вечерва во Прилеп се одржа најмасовен граѓански собир, откако прилепчани маршираат под мотото “За заедничка Македонија”.
Целиот град беше на нозе, а протестот го предводеа земјоделците, кои на овој начин го изразија револтот кон СДСМ за блокирањето на исплатата на субвенциите со прифаќањето на “албанската платформа”
“Субвенциите ни ги укинавте, но државата НЕ”, порачаа земјоделците кои ги предводеа илјадниците прилепчани на маршот.
Одново градот ечеше, одново илјадници гордо исправени и никогаш побројни прилепчани го кренаа својот глас и го изразија својот револт кон содржината во албанската платформа која ја прифати лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Моќни пораки упатија одново лингвистите, а граѓаните на градот херој направија и прекрасно ѕвездено небо во име на татковината.
Не постоеше некој кој остана рамнодушен, не остана прилепчанец на кого не му се стопли срцето и исполни душата. Единството и единствената заедничка цел ги прави овие протести се побројни и побројни.
Прилепчани веќе утре, одново во 18 часот, пред споменикот “Прилепски Бранители” одново ќе маршираат за зачувување на унитарноста на државата и пред се’ за зачувување на државните симболи: знамето, јазикот, химната, грбот како и честа и достоинството на Македонецот.
А.Г.