Зеленски: “Подготвен сум да разговарам за Донбас и Крим”

Лидерот на Украина Володимир Зеленски во интервју за „Суспилне“ кажа дека преговорите со Русија ќе продолжат и потоа резултатите ќе мора да бидат потврдени преку референдум.

Во контекст на евентуалниот влез на Украина во НАТО, Зеленски зборуваше и за тоа дали земјата размислува да се откаже од посилна соработка со алијансата.

– На ова прашање би пристапил како кревање тегови. Постојат неколку пристапи. Мислам дека не можеш веднаш да кренеш 200 килограми. Ја имаме тежината на човечките животи пред се во овој момент. Русија е наш сосед. Има НАТО, има наша желба во Уставот, а има нејаснотии и внатре во НАТО кога станува збор за нашиот влез во алијансата. Треба да најдеме формат во кој ќе го разбереме сето ова – рече Зеленски.

Меѓу другото, Зеленски зборуваше и за идниот статус на Донбас и Крим.

– Тоа е тешка приказна за сите. За да разговараме за ова, треба да го направиме овој прв чекор кога станува збор за безбедносните гаранции. Во мојата прва средба со Путин, јас сум подготвен да ги покренам овие прашања. Секако, би разговарале и за уставни измени, за измени на законот кога е во прашање гарантирањето на безбедноста – посочува Зеленски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.