Општина Прилеп денеска ја посетија претставници од здружението на пчелари „Братство“ кои остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески. Претставниците го поканија градоначалникот на празникот Благовец кој е нивни заштитен празник.
„По повод денот на пчеларите – Благовец, пчеларското друштво од Прилеп се присутни во мојата канцеларија да ме поканат мене како градоначалник, локалната самоуправа и сите добронамерници на 7-ми Април во н.м Лениште зедно да го одбележиме овој празник. Локалната самоуправа има одлична соработка со прилепските медари, а производството на мед има значителен удел во локалната економија зашто голем е бројот на семејствата кои одгледуваат пчели и живеат од производството на мед“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Според претседателот на прилепското здружение на пчелари „Братство“, Дејан Бошкоски овој празник го празниваме веќе 17-та година по ред, а нашата цел е да се претстават големите предности на пчелните производи во исхраната“, посочи Бошкоски.
Марјан Петрески кој е домаќин на овогодинешниот празник „Благовец“ ги покани сите пчелари да повелат на Благовец.
Многу е битно да ги потсетиме граѓаните и да им објасниме колку се големи хранливите, но и лековитите својства на медот и на пчелните производи за нивната употреба да се зголеми во исхраната посочуваат пчеларите.