СН осигурителен брокер, имаше одлична можност пред претставниците на Македонскиот полициски синдикат да го промовира својот нов производ, наменски креиран за луѓето кои не штитат, а тоа е нашата полиција.
Често пати повторуваме дека “Здравјето е сé!” Но, најчесто доцна откриваме како најдобро да го заштитиме.
Светот одамна инвестира во дополнително здравствено осигурување, особно кај лица, чии професии се специфични.
“Средбата беше навистина добар миг, да се зборува за нивните потреби, а ние како општествено одговорна комапнија да дадеме посебен третман на оваа група, значајна за нашето опкружение.” – изјави Хелена Милески – Раководител на Сектор за приватно здравствено и животно осигурување.
СН Осигурителен брокер, излегува на пазарот со пакет кој опфаќа и можност да имаат пристап за лекување во сите приватни здравствени установи во Македонија, но и создавање на специјален фонд, заштеда за нивните семејства.
Пакетот кој е понуден е позитивно прифатен од членовите на синдикатот, по што следуваше потпишување на договор за соработка.