Здрав сендвич за појадок, готов за 10 минути

sendvici-sliki

Ако сметате дека сендвичите не се здрави, ниту диетални, тогаш се лажете. Мошне е важно каков леб користите, како и состојките што ќе ги ставите внатре.

Доколку сте на диета и вежбате, комбинацијата од јајца што ги содржат сите потребни протеини и од кари го забрзува метаболизмот и претставува идеален оброк.

Спанаќот и пиперката како едни од состојките исто така се важни поради нивниот состав, но и вкусот што му го даваат на овој здрав сендвич и сосема сигурно уште некое време нема да ви здодеат.

Состојки:

  • 2 тврдо варени јајца
  • 2 лажици грчки безмасен јогурт
  • 2 лажици ситно сецкана пиперка
  • Ситно исечкан спанаќ
  • Половина лажичка кари
  • 2 парчиња ’ржан леб
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Исечкајте ги јајцата ситно, па промешајте ги со исечкан спанаќ и со пиперката. Додадете грчки јогурт, кари, сол и бибер и се добро промешајте.

Смесата намачкајте ја на лебот, а по желба додадете свежа салата, домат, краставица и потпечете го на тост.

Доколку неможете да го замислите оброкот без месо, можете да додадете ситно исечкано варено или печено пилешко месо во вашиот сендвич.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.