Зготвениот ориз може да ни предизвика многу болка
Судејќи по експертите, готвењето на оризот не секогаш ги убива сите штетни материи во него и може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
“Проблемот со оризот лежи во фактот дека во него е присутен еден патоген во облик на спора. Овие спори можат да го преживеаат готвењето и тука настануваат проблемите.Ако цело време оризот го чувате на собна температура, спорите можат да излезат од својот заштитен облик и да го загадат оризот. Овие спори можат да создадат неколку видови на токсини, од кои еден е стабилен на топлина”, вели Бенжамин Чепмен, експерт за безбедност на храната на Универзитетот во Северна Каролина
Иако не е познато колку случаеви на труење постојат од оваа пора секоја година, истражувањата покажуваат дека бројката стигнува 63.623 случаеви само во Америка.
За среќа, ако остатоците од оризот ги чувате во фрижедер, тој ќе биде безбеден за конзумирање.
Експертите ги советуваат луѓето, оризот цело време да биде топол на температура од 63 степени или брзо изладен и ставен во фрижедер, 2 часа после неговото приготвување.
Всушност, најопасната температура на која можете да го чувате оризот е собната температура.