Советот на млади при Општина Прилеп организираше локалната дискусија на тема „Зголемување на младинското учество преку подобрување на функцијата на Советите на млади“ која што се одржа денес. Целта на оваа локална дискусија беше да се соберат мислењата на младите за младинското учество на локално и национално ниво и каква е потребата за подобрување на младинското учество преку Советите на Млади.
Локалната дискусија се реализира во рамките на проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“ кој што го имплементира Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт и со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус + Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).
Целта на овој проект е да се подобри функцијата и улогата на Советите на Млади во општините: Прилеп, Кавадарци, Штип, Кривогаштани, Неготино, Крушево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Град Скопје.
Во периодот на месец Мај, во Струга, ќе се одржи Национална конференција со донесувачи на одлуки и млади и како краен резултат на проектот ќе биде подготвен „Позициски документ со препораки за подобрување на состојбата на Советите на млади“(Position paper with recommendations for strengthening the position of Local Councils of Youth).