Македонија кратко се надеваше дека ќе игра на Светското првенство во ракомет кое од утре стартува во Египет.
За кратко време се прошири веста дека поради 18 позитивни на Koвид-19, репрезентацијата на САД нема да учествува на првенството, па Македонија како прва на листата на резерви ќе го заземе нејзиното место.
Сепак, според најновите информации, САД ќе патува за Египет со вкупно 12 играчи.
Таа вест за скандинавските медиуми ја потврди селекторот на Американците, Швеѓанецот Роберт Хедин.
Селекцијата на САД ќе учествува на мундијалите за прв пат после 20 години, и тоа во најтешката можна група – со Норвешка, Франција и Австрија.