Она што ги привлекува балканците во Луксембург е високата плата. Луксембург спаѓа во групата на држави со највисок животен стандард, во која живеат 30 % странци.
Меѓу нив голем број се од Балканот. Во почетокот балканците се занимавале главно со градежништво, но новите генерации ја напуштаат таа област и работат како архитекти, професори, лекари…
Во однос на другите држави околу Луксембург, како Германија, Франција, Белгија, каде минималната плата се движи од 1.200 до 1.300 евра, Луксембург е една од подобрите држави кога станува збор за платата и условите за вработување.
Според последните официјални податоци, минималната плата во Луксембург изнесува неверојатни 2.000 евра, а не постојат посебни закони со кои се ограничува правото на вработување на странските државјани.