Околу 300 хектари високо стеблеста шума изгореа во Преспа во близина на туристичките населби Отешево и Сирхан.Набрзо пожарот зафати дел од Националниот парк Галичица.
Синоќа беше одржан состанок на кризниот штаб на Општина Ресен, а мештаните од околните села велат дека останале и без струја бидејќи запален бил и далеководот.
На социјалните мрежи беше објавена фотографија од пожарот сликана од езерото.
Извор: “Прессинг ТВ”