Затопли времето и се одмрзнуваат цените на земјоделските производи: Сега било се’ во ред, вели министерот Бектеши

Се одмрзнуваат цените на одделните земјоделски производи опфатени со владината мерка, чија важност истекува со последниот ден од месецов, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи предвид дека, согласно податоците што ги имаме во Министерство за економија, повеќето од производите се со цени пониски од нивото на замрзнувањето кое сме го имале претходно“, посочи Бектеши.

Всушност, додаде, од први јуни Владата ќе реагира само во случај на забележана злоупотреба од страна на трговците. Кои, пак, и досега калкулираа, односно поради се уште актуелната мерка, добар дел од нив не ги пласираат производите со регулираните цени.

Што се однесува до инфлацијата, во делот на прехранбените производи нагло се намалува. Оттаму, министерот вели дека ќе влезе во едноцифрената зона, под десет проценти. Односно стапката ќе биде пониска од проекциите на Народната банка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.