Синоќа Битола беше домаќин на претквалификацискиот ракометен натпревар Македонија – Турицја во кој „црвено-жолтите“ победија со 31-27. По натпреварот, капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров го подари својот дрес на долгогодишниот економ и легенда на РК Пелистер, Дади.
Великодушен потег за големиот Лазаров и уникатен спомен за економот на Пелистер.
Лазаров настапуваше за Пелистер од 1997 до 2000 година од каде што по заминувањето ја почна блескавата интернационална кариера која се уште трае.