На втората трка од ТЦР шампионатот која викедов се возеше во Имола во Италија, нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски Иџе го освои третото место, а на крајот заврши на второто место на подиумот, поради казната на второпласираниот Салваторе Савано.
Иџе како и секогаш гордо го развиори македонското знаме, а денеска одново ги освои своите фанови на социјалните мрежи.
“Горд на нашето ??знаме,горд на нашиот народ, горд на мојата земја Македонија. Нашето македонско знаме уште долго ќе се вее на победничките пиедестали на европските тркачки патеки”, напиша Иџе.