Затвореник од Идризово се “врзал” со прилепчанец – Тој од затвop лажно нудел услуги на луѓе, а вториов им ги собирал парите

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против Б.У.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Првопријавениот Б.А., кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во текот на 2022 година во повеќе наврати измамил повеќе лица од различни градови од државата.

Тој им се јавувал телефонски и лажно претставувајќи им се ги доведувал во заблуда и им нудел различни услуги.

Додека, второпријавениот Б.У. со уште едно лице го организирале преземањето на парите. Откако ги земале парите го прекинувале контактот со лицата – информираат во дневниот билтен на МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.