Застрашувачки пророштва кои веќе се оствариле

plane-crash-scenes-knowing-696x398

Иако до сега голем дел од пророштвата, особено оние кои се однесуваат на крајот на светот, не се оствариле, во историјата забележани се неколку случаи во кои видовитите луѓе биле во право.

-Трагедијата која се случи на 11 септември 2001 година, кога терористи на Ал Каеда превзедоа патнички авиони и го срушија Светскиот трговски центар, однесе многу животи. Меѓутоа, Барет Нејлор преживеа. Патуваќи кон своето работно место кое се наоѓало во кулите близначки, како што вели тој, го послушал својот внатрешен глас и ја избегнал смртта. Кога се вратил дома, го видел неговото работно место во пламен, пишува “The Sun”.

5970-linkoln-580x326

Абрахам Линколн точно ја предвидел својата смрт. Поранешниот претседател на САД сонувал дека присуствува на погреб во Белата куќа. Кога прашал за кого е погребот, му одговориле: “За претседателот”. Неговиот сон се остварил по кратко време.

-Многу пророштва на францускиот филозоф Нострадамус се оствариле. Неговите напишани пророштва се интерпретирани на различни начини,  а многу сметаат дека тој точно предвидел и падови на авиони.

-Психоаналитичарот Карл Јунг ја предвидел Првата Светска Војна. Во сонот видел море од крв и ровови од Алпите до Северното море. Војната започнала еден месец од неговиот сон.

10293-hitler-580x0

Нострадамус наводно го предвидел и Хитлер. Како што се опишува во неговите пророштва: “Од сиромаштија ќе се издигне моќен човек на исток, кој ќе живее во Германија и ќе има голема улога во големата војна”.

Нострадамус ги предвидел и атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки.

16097-titanik-580x0

Многу луѓе тврдат дека го предвиделе тонењето на Титаник, а меѓу нив е и Ен Ворд. Таа била собарка која одбила да се качи на бродот бидеќи била убедена дека нешто лошо ќе се случи.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.