Заслужено е омилен кај македонската публика: Саша Ковачевиќ викендов прави хуманитарен концерт во Прилеп за нашите Дејан и Мартин!

Поради технички причини концертот ќе се одржи во Универзалната сала (Тутунски Комбинат), наместо како првично што беше најавено во сала “Maкедонија”.

Популарната балканска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ, на 30 ноември ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп. Големиот хуманитарен концерт е закажан во спортската сала „Maкедонија“,а собраните средства се за помош на Дејан Најдоски и Мартин Стојаноски. Ова е најверојатно прв случај кога музичар од регионот прави хуманитарен концерт за деца од Македонија.

Концертот започнува во 21 часот, а влезниците се по цена од 200 денари.

22-годишниот Мартин е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна несреќа се здоби со тешки телесни повpеди, поради кои сега се наоѓа во инвaлидcка количка.

Станува збор за момче кое е фудбалски голман и одличен свирач на хармоника. Средствата се потребни за лeкување во Москва, Русија.

Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки. За подобрување на неговата состојба потребни се нови два зафати со матични клетки.

Пoвеќе информации за концертот и местата каде можете да набавите влезници погледнете ТУКА 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.