Со доаѓањето на топлите денови, голем проблем во домот создаваат разни инсекти, муви, комарци и многу е тешко да се ослободите од нив кога ќе влезат во домот.
Многумина во тој случај обично повикуваат на помош истребувачи, но постои поедноставен начин како да ги елиминирате овие досадни инсекти.
Потребно ви е:
– половина шолја маслиново масло
– половина шолја шампон
– половина шолја оцет
Сите овие состојки ставете ги во шише со прскалка и добро промешајте. Потоа попрскајте на разни површини во вашиот дом. Мешавината не е токсична и сигурна е за користење ако во домот имате деца и домашни миленичиња, а многу е ефикасна против бубачките од било кој вид.