Започнува третата сезона на проектот “Од 0 до култура” – Утре на камена бина во Прилеп, “Банда бенд” со tribute на NIRVANA

Во четврток – 26 јуни 2025г со почеток во 21.00ч, Општина Прилеп ќе започне со реализација на третата сезона од проектот: ОД НУЛА ДО КУЛТУРА – ПРОЕКТ ЗА МУЗИЧКО И КУЛТУРНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП.

На Камената бина во центарот на градот настапуваат дечките од прилепскиот бенд BANDA BEND, кои ќе ги поздрават прилепчани со звиците на култните NIRVANA.

Банда бенд како еден од прилепските алтернативни рок и хард-рок состави веќе долги години ја одржува, промовира и развива оваа сцена, со што допринесува во зголемувањето на културната понуда, како и афирмација на музички стилови, што подоцна го креираат правецот на новите генерации.

Во своето постоење од 2012 година па наваму, имаат настапувано во речиси сите поважни алтернативни локали, во сите градови низ Македонија.

На 26ти јуни (четврток), заедно со неколкуте свои гости ќе ги свират култните НИРВАНА!

Илија Чакароски – ел. гитара и вокал

Методија Костоски – бас гитара и вокал

Александар Стеваноски – тапани




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.