Започнува процедурата за промена на Бајден? Републиканците сметаат дека имаат доволно гласови за “импичмент”

Мајк Џонсон, републиканскиот конгресмен кој претседава со Претставничкиот дом на САД, рече дека верува оти републиканците имаат доволно гласови за да започнат формална истрага за импичмент на претседателот Џо Бајден, пренесува Си-Ен-Ен.

– Верувам дека ќе имаме. Очекувам дека нема да има демократи кои ќе ги помогнат тие напори – изјави Џонсон за Фокс њуз за истрагата што веќе ја спроведуваат претставници на Републиканската партија.

Си-Ен-Ен објави дека републиканците и клучниот конгресен комитет во кој доминираат , во петокот објаснија зошто веруваат дека е неопходно гласање за истрагата на Бајден.

Републиканците изјавија дека тоа ќе ги зајакне нивните правни позиции пред судот и во исто време ја осудија Белата куќа која „одбива каква било комуникација“ во врска со истрагата за деловните потфати на американскиот претседател и неговиот син Хантер Бајден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.