Започнува новата ера во Европа: Олаф Шолц избран за канцелар на Германија

16-годишното владеење на Ангела Меркел заврши со преземање на функцијата од нов канцелар – социјалдемократот Олаф Шолц. Поранешниот министер за финансии во најновата влада на Меркел денеска е официјално избран од пратениците.

Новиот канцелар доби 395 гласа за својата кандидатура. На Шолц му требаше поддршка од најмалку 369 пратеници – апсолутно мнозинство – од 736 пратеници во Бундестагот. Трипартиската владина коалиција што тој ја предводи зазема 416 места во Долниот дом на германскиот парламент.

Неговиот избор претставува голема пресвртница во политичкиот пејзаж на Германија, по 16-годишното непречено владеење на конзервативниот блок на Меркел, на кој му се приклучуваа или социјалдемократите или слободните демократи за време на нејзините четири мандати како канцелар.

Шолц е четвртиот социјалдемократски лидер на владата во повоената историја на нацијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.