Во големата сала на НУЦК “Марко Цепенков“ започнаа традицоналните училишни смотри на единствената манифестација која дава пресек на воннаставните активности во основните училишта и која предизвикува секогаш голем интерес меѓу прилепчани.
Први во низата училишните смотри се претставија учениците од ООУ „Гоце Делчев“, кои со програмата го одбележаа и својот патрон празник, 4-ти мај, денот на загинувањето на македонскиот револуционерен деец, Гоце Делчев. Пред преполнетата сала, исполнета до последното место, учениците го презентираа својот талент, преставувајќи се со драмски, музички и рецитаторски изведби, подготвени со помош на нивните наставници, во рамките на слободните активности. Публиката уживаше при секој настап, од најмалите до настапите на највозрасните ученици, кои главно имаа музички перформански на модерн танц. Меѓу публиката беше и градоначалникот на Прилеп кој ја пофали активноста на учениците и наставниците и при своето обрајќање ја нагласи важноста за вложување во младите генерации кои се иднината на овој град. Тој истакна дека локалната самоуправа и понатаму ќе вложува во подобрување на условите во образованието
„Досега, во овие 12 години, во ООУ „Гоце Делчев“ имаме вложено над 550 илјади евра, во негово реновирање и подобрување на условите за работа и одвивање на воспитно образовниот процес. И, во иднина ќе продолжиме во таа насока, во инвестирање во ова училиште, во санирање на санитарните јазли, уредување на дворната површина …“- истакна градоначлникот на Прилеп .