Започнаa подготовките за изградба на “ЛИДЛ” во Кавадарци – ќе дојде ли Прилеп на ред?

Пред две недели во Кавадарци започнаа подготвителните работи за изградба на маркет на Лидл. Парцелата каде ќе никне новата градба веќе се порамнува и оградува, а истиот ќе се наоѓа на кружниот тек кај Северен булевар.

Лидл во Кавадарци ќе се простира на површина од 2.230 м2, а ова е трет маркет на компанијата чија градба започнува, по таа во Битола и Скопје.

Во Битола маркетот на Лидл е веќе во завршна фаза, а во Скопје започна да се гради пред извесно време.

Според информациите Лидл планира да изгради маркети и во Штип, Кичево и Тетово. Прилеп се споменуваше како еден од градовите, но засега нема ништо конкретно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.