Започна првиот „Prilep OUTLET Weekend“: Денеска и утре попусти во над 200 дуќани

Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија денеска и утре се одржува првиот „Prilep OUTLET Weekend“.

Во него се вклучија над 200 трговци кои на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак на настанот за купувачите да знаат каде да пазарат. Големиот интерес за купување на купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци и пошироко од Македонија, на првиот „Prilep OUTLET Weekend“ им нуди шопинг забава и евтино купување на брендови. Попусти, велат прилепските трговци, има до 70% на секој чош!

Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.

На „Prilep OUTLET Weekend“, производи има за сите муштерии, а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од Регионот и Македонија, од 08:00 до 19:00 часот. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени, а „Prilep OUTLET Weekend“ покрај попустите во трговските дуќани нуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и кафулињата, кое ќе преставува посебно уживање за сите оние кои денеска и утре ќе дојдат на шопинг во Прилеп.

„Prilep OUTLET Weekend“ се организира за прв пат, а прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.