Започна најголемата воена вежба на НАТО после Студената војна: На границата со Русија распоредени 50.000 војници, Москва бесна (ФОТО+ВИДЕО)

Најголемата воена вежба на НАТО од крајот на Студената војна започна во Норвешка, со замислено сценарио кое вклучува враќање на суверенитетот на оваа скандинавска земја после напад од “фиктивен агресор”.

Русија, која граничи со Норвешка, доби податоци за маневрите и повик да испрати набљудувачи, но Москва и понатаму е незадоволна поради вежбата. Рускиот министер за одбрана предупреди дека Москва би можела да биде приморана да одговори на зголемената активност на НАТО во близина на западната граница.

Маневрите започнаа денеска и во нив учествуваат околу 50.000 војници од сите 29 членки на НАТО, Финска и Шведска.

Исто така вклучени се 65 бродови, 150 авиони и 10.000 борбени возила.

Вежбата се одржува во централна и источна Норвешка, северниот Атлантик и Балтичкото море, а ќе трае до 7 ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.