Започна лотаријата за зелена карта во САД за 2020 година – Информирајте се како да дојдете до дозвола за живеење во САД

Лотаријата за зелена карта за 2020 година, со која се овозможува легален постојан престој во САД, започна во средата минатата недела во 18 часот, а завршува на 6 ноември, исто така во 18 часот, соопшти Американската амбасада во Скопје.

Заинтересираните можат да се пријават на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде што можат да се видат сите потребни податоци и информации.

 

Од Амбасадата на САД потенцираат дека за пријавување во програмата не се плаќа административна такса.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.