Започна летото, уживајте во најдолгиот ден

Летото во Македонија и на северната хемисфера почна ноќеска во 00 часот 34 минути и 20 секунди. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи зимата.

leto.jpg-700

Првиот летен ден e најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со температути до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22 септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.