Започна Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп

22

Вчера вечер на летната сцена на Центарот за културата „Марко Цепенков, започна јубилејното петто издание на Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп. Фестивалот го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.

24

20

21

23

Манифестацијата се отвори со Биг бендот на МРТВ, кои предизвикаа вистински овации кај публиката и фри џез составот Хашима од Србија.
„Хасхима“ е белградски состав, кој соединува повеќе поранешни музички искуства и прави музика, која стилски е тешко да се категоризира. Како инспирација го издвојуваат Вејн Шортер, Василије Мокрањац, Игор Стравински, како и рок и фолк музиката. Поетиката ја црпат од европскиот уметнички филм и книжевност, кои сублимно се преплетуваат со ткивото на авторската музика и и даваат програмски карактер.

28

29

30

Вечерва, настапуваат Dine Doneff”s Lost _Anthropology од Грција кој е активен на грчката музичка сцена од раните 80-ти, потоа следува експерименталниот состав „Chui“ од Загреб, а во off програмата со својот сет ќе не носи популарниот DJ Костадин Шурбановски – Шурбе. .
Џез-викендот е во организација на локалната самоуправа, а е дел од циклусот насловен „Сезонски фестивал“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.