Започна изградбата на новата фабрика на Акoмпласт во Прилеп

DSC02344

Денес во присуство на околу 1000 граѓани на Прилеп, Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, пратениците во Собранието Димитар Стевананџија и Ана Лашкоски, министерот на странски инвестиции Бил Павлески, беа отпочнати активностите околу изградбата на нова, втора фабрика во ТИРЗ Алинци Прилеп.

DSC02359

DSC02339

DSC02340

Новата фабрика на Акoмпласт е германска инвестиција за производство на автомобилски делови, фабрика која ќе значи нови 150 вработувања, и тоа исклучиво на високообразовани кадри од Прилеп и околијата. Капиталот на инвестицијата е 3 милиони евра.

DSC02346

Премиерот Груевски во своето обраќање потенцираше дека ова е петта фабрика, односно петти потпишан договор за инвестиција во последните 5 дена во Македонија.

DSC02356

При своето обраќање пак инвеститорите се заблагодарија на Владата на Р. Македонија, на градоначалникот Марјан Ристески, министерот Бил Павлески, како и на сите луѓе кои придонесоја за реализација на оваа инвестиција, за безрезервната поддршка и за одличните услови за инвестирање во државата.

DSC02351

DSC02348

DSC02353

DSC02358

Беа поставени и осветени темелите на фабриката, а градбата се очекува да биде завршена до крајот на летото.

DSC02375

DSC02360

DSC02364

DSC02366

DSC02368

DSC02370

Интересно беше и тоа што при турањето на темелите, инвеститорите пуштија и временска капсула со денешни весници, што претставувало обичај во Германија кога се гради нешто,  ново, а целта е да остани белег во иднина, доколку по неколку генерации некој врши ископувања на ова место, да знае што тука имало во минатото.

DSC02372

Индустриската зона ТИРЗ Алинци е скоро во потполна спремност, изградена е високо квалитетна инфраструктура и веќе ги има првите 2 инвеститори. Овие нови странски инвестиции ќе значат брз подем на градот, кој покрај одличната инфраструктурна уреденост која ја има денес, конечно ќе заживува и на економски план.

12576263_10206976859954384_894326840_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.