Запознајте го кралот на Рио де Жанеиро кој живее во замок од песок цели 22 години и е вистинска светска атракција (Фото галерија)

Цели 22 години, Марсио Мизаел Матолиас од Бразил избегнал да плаќа кирија и сметки, притоа живеејќи во еден од најлуксузните квартови во Рисо де Жанеиро.

За да си го овозможи тоа, овој Бразилец си изградил замок од песок. 44-годишниот Матолиас локалните жители го нарекуваат “Крал Марсио”, на главата носи пластична круна, а си изградил и трон до замокот.

Декоративните замоци на плажите во Рио се секогаш атрактивни за посетителите, кои понесуваат спомен фотографирајќи се крај нив. Но, Матолиас е првиот човек кој изградил ваков замок за живеење.

Матолиас е среќен од неговиот избор за живеење. “Пораснав во Гуанабара, секогаш живеев на плажа”, вели тој за британскиот “Мирор”. “Луѓето плаќаат цело богатство за да живеат покрај морето, јас не плаќам сметки и имам убав живот”, додава тој.

За да опстане неговиот замок, тој мора секојдневно да ја регулира водата. Најголеми проблеми му задаваат тропските бури кои често му го уништуваат неговото живеалиште. Но, овој упорен Бразилец цели 22 години го поправа замокот, а често е најмуван од локалниот шопинг центар за каде изработува различни форми од песок кои потоа ги красат излозите.

Матолиас вели дека научил да гради замоци од негов пријател и преку читање книги, кои се уште една негова пасија. Покрај тоа тој игра голф и е одличен рибар. Во својот замок има голема колекција на книги и голф палки. И додека замокот изгледа огромен од надворешноста, внатре има само една малечка соба. Матолиас на располагање има простор од само 3 метри квадратни.

Кралот Марсио е вистинска локална атракција. Туристите често го посетуваат и сакаат да се фотографираат со него и неговиот дом. Понекогаш туристите му оставаат и пари, па така успева и да заработи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.