Запознајте ги нашите прилепчани кои работат за една врвна светска компанија

Градот под Марковите Кули веќе една година е дом на 250 млади и талентирани личности кои работат за глобалната компанија Таскфорс која има свои кацеларии на два континенти, САД и МАКЕДОНИЈА.

На листата градови со нашиот Прилеп се и Чикаго, Ноксвил, Чарлстон, Загреб, Скопје и Битола, а тимот во Прилеп во континуитет се проширува, заради растот на комапнија, но и заради одличните услови кои ги нуди за работа. Модерни простории направени по највисоки стандарди за пријатен работен амбиент, одличен тим кој се дружи преку организирани активности, можности за кариерен раст.

Таскфорс е глобално позната компанија во светот на осигурување, здравствена заштита, финансии и логистика и сервисира големи клиенти. Со неколку канцеларии во Македонија, таа е горда што нуди модерен работен простор со одлична заедница и тимски дух за амбициозни личности кои сакаат динамична и убава канцелариска работа. Нашите канцеларии во Прилеп се одлично место за талентирани поединци од сите возрасти, а ние посветено компанијата инвестира во успехот на вработени.

„Возбудени сме што нудиме можности за вработување во областа на грижата за клиентите, во секторот на здравствена заштита и осигурувањето, а бараме и поединци кои течно зборуваат писмен и говорен англиски јазик, имаат основни компјутерски вештини и се флексибилни со работното време, кое е прилагодени на нашите американски клиенти„- истакнуваат од комапнијата.

Според TaskForce, нивниот тим е составен од 31% личности на возраст од 18-34 години, а 52% од вработените во Прилеп се на возраст од 25-34 години. Проширувањето на компанијата во Прилеп е дел од постојанатаа заложба на компанијата за раст и успех и уверена е дека зголемувањето на тимот ќе биде вредно дополнување на нејзиното портфолио.

Денес разговаравме со Михаела Белческа.

Таа е прилепчанка, која работи во тимот на ТАСКФОРС за човечки ресурси, дипломирала на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација

Кога започна твојата кариера во Taskforce ?

-Мојата кариера во компанијата Taskforce започна во август 2021 година.

Дали се сеќаваш на интервјуто и што би избрала како интересен миг од истото ?

-Да, се сеќавам како се одвиваше интервјуто. Во текот на интервјуто детално ми беа објаснети кои се условите во компанијата, повеќе детали за работна позиција и подоцна ми беа поставени неколку лични прашања со цел подобро да се запознаеме. Интересен миг што би го издвоила е тоа што имав голема трема бидејќи тоа беше моето прво интервју за работа, но пристапот на вработените беше многу позитивен така што веднаш се ослободив од тремата.

Како реагираше кога ја доби информацијата дека се селектирана за работа во Taskforce и со кој прво ја сподели оваа вест ?

-Кога ми ја соопштија веста дека сум селектирана за работната позиција во Taskforce, реагирав со големо задоволство и среќа. Веста веднаш ја споделив со моите најблиски, бидејќи тие ме поддржуваа во моите цели.

Дали имаш хоби или некои интереси,кои влијаеле врз работата во Taskforce?

-Моето хоби е читање на книги во слободно време за надоградување на личниот развој. Сметам дека тоа добро влијае врз мојата работа бидејќи читањето на книги ми помага подобро да се изградам како личност пред се, исто така да стекнам добри меѓучовечни односи, да го зголемувам мојот капацитет за учење и да стекнам нови вештини што ќе ми овозможат напредок на работното место.

Дали неодамна си читала книга или гледала филм што те инспирирала или помогнала да растеш како личност или професионалец на своето работно место ?

-Неодамна ја прочитав книгата Thrivity активатор. Оваа книга ме инспирираше да променам дел од моите навики што ќе ми овозможат поефикасна работа, подобра комуникација, исто така може да ги крене личниот и професионалниот развој на повисоко ниво.

Како ги балансираш твоите лични интереси и хоби со твоите работни обврски и дали имаш совет за другите кои се обидуваат да ја најдат таа рамнотежа?

-Како ги балансирам моите лични интереси и хоби со работните обврски зависи од мојата средина и обврските кои ги имам. Рамнотежата ја наоѓам преку поставување на приоритети така што секогаш прво го завршувам тоа што ми е најбитно, но со добра организација на времето и дисциплина ги завршувам моите обврски и лични интереси во рамките на моето време. Мојот совет за другите е да се фокусираат на своите најважни приоритети, да ги организираат своите обврски, но и да си дозволат време за лични интереси. Која е една работа што си ја научила надвор од работата а што си можела да ја примениш на работното место и како тоа знаење ти помогнало ?

Умешноста за тимско работење. Ефективната комуникација со моите колеги ми овозможи полесно да се вклопам и пронајдам себе си во Taskforce.

Ние во Taskforce веруваме во поддршката на личниот раст и развој на нашите вработени.Дали постои одредена вештина или хоби со кое би сакала да се занимаваш понатаму,и како може компанијата да те поддржи во тоа ?

-Со оглед на тоа што мојата работна позиција во компанијата е во одделот на човечки ресурси, така што би сакала да се надоградувам со HR сертификати и обуки. Тоа би придонело поефикасна работа во компанијата, а исто така сметам дека личниот развој ќе биде кренат на едно повисоко ниво.

Што прво би купила ако добиеш пари на лото?

-Би сакала да инвестирам во својата образовна кариера со цел да се надоградам, да одам на некое патување, исто така би сакала да им помогнам на оние кои имаат потреба од тоа.

Последна дестинација каде си била и следна локација која сакаш да ја посетиш ?

-Последната дестинација каде што бев е Лефкада, Грција. Додека следна дестинација што би сакала да ја посетам е Италија и градот Рим.
Оние кои се заинтересирани да дознаат повеќе за TaskForce или нејзините можности за вработување во Прилеп, се охрабруваат директно да контактираат со компанијата и да ги проверат моменталните отворени позиции за работа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.