На почетокот од пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт, соседна Србија исплати по 250 евра како помош за вработените во малите и средни претпријатија, а оваа финансиска помош ја искористиле и повеќе естрадни уметници кои имаат регистрирано фирми на своето име.
Според она што го објавија српските медиуми, на листата се звучни имиња како: Цеца Ражнатовиќ, Неда Украден, Владо Георгиев, Саша Поповиќ, „Гранд“, Лепа Брена, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ, Теодора Џехверовиќ, Стефан Ѓуриќ Раста, Драган Којиќ Кеба.
Пример Цеца од државата добила минимална плата за петмина вработени, или 1250 евра месечно, односно 3750 евра за три месеци за колку што била наменета помошта.
Помош користела и Лепа Брена, која за своите вработени во киоскот за хамбургери “Биг Рори”, добила 5.250 евра од државата, притоа вклучувајќи се и себе си како сопственик.